Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира сојот JN.1 на вирусот Ковид-19 како „варијанта од интерес“, додавајќи дека според достапните докази, тој претставува низок глобален ризик за јавното здравје.
Сепак, СЗО предупредува дека JN.1 може да го зголеми товарот на респираторните инфекции во многу земји со почетокот на зимата на северната хемисфера.
Според здравствената агенција на Обединетите нации, сегашните вакцини и натаму штитат од тешки заболувања и смрт од JN.1 и други циркулирачки варијанти на Ковид-19.
СЗО соопшти дека коронавирусот не е единствената респираторна болест што циркулира, додавајќи дека случаите на заболени од грип, респираторен синцициски вирус и вообичаена детска пневмонија се во пораст.