СЗО загрижени поради опасноста од ширење заразни болести во Појасот Газа

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, изјави дека е многу загрижен поради опасноста од ширење на заразни болести во Појасот Газа.

Луѓето остануваат масовно раселени низ јужниот дел на Газа, а некои семејства се принудени да се преселат повеќе пати. Многумина се засолнуваат во преполните здравствени установи. Моите колеги од СЗО и јас сме многу загрижени поради зголемената опасност од заразни болести“, напиша Тедрос Гебрејесус на социјалната мрежа Х (Твитер).

Тој додаде дека од средината на октомври до средината на декември биле пријавени околу 180.000 случаи на инфекции на горниот респираторен тракт и повеќе од 136.000 случаи на дијареа, од кои половина биле пријавени кај деца на возраст под пет години.

Дополнително, забележани се шуга, варичела, осип на кожата, синдром на акутна жолтица и менингитис.

СЗО и партнерите неуморно работат на поддршка на здравствените власти во надзорот и контролата на болестите преку снабдување со лекови и обидувајќи се да го подобрат пристапот до безбедна вода и храна“, вели Тедрос Гебрејесус.