Силвестер Сталоне се кае за една улога! Познатиот холивудски актер откри која била најголемата грешка во неговиот живот!
Најголемата грешка што ја направи актерот Силвестер Сталоне во кариерата е поврзана со филмот „Judge Dredd“ од 1995 година.
Силвестер Сталоне триумфираше на кино платното во далечната 1976 година со познатиот филм „Роки“, кој му донесе светска слава и кој до ден денес остана негова животна улога. Со овој филм Сталоне освои дури три Оскари, кои го ставија во центарот на холивудските случувања.
Иако низ годините изгради импресивна кариера и глумеше во бројни филмови, не остана имун на грешки. Единствено што не може да си прости е грешката поврзана со филмот „Judge Dredd“ во кој ја играше насловната улога.
– Најголемата грешка што некогаш сум ја направил е несмасниот пристап кон судијата Дред – рекол актерот.
Овој филм е заснован на херој од стрипови кој изгледаше ветувачки на почетокот поради неговата мрачна визија за иднината, но не ги оправда очекувањата на публиката.
– Мислев дека концептот може да биде фантастичен, но некој мора да ја преземе одговорноста кога работите не функционираат, а бидејќи бев најпрепознатлив, морав да го поднесам најголемиот товар – изјави Сталоне.
Тој сметал дека неговата најголема грешка е што не успеал да ја пренесе суштината на својот лик, но не и целата приказна и поради тоа бил незадоволен.
Филмот базиран на стрип-јунакот Дред беше преработен во 2012 година, овој пат во режија на Пит Тревис. Тој донесе многу помрачна верзија на главниот лик и подинамичен лик на главниот лик и со тоа доживеа многу поголем успех.
Иако филмот на Сталоне не ги оправда очекувањата, судијата Дред останува потсетник на предизвиците и ризиците на кои не се имуни ниту најдобрите актери.