Најмалку 116 луѓе загинаа, а стотици се повредени по земјотресот што ја погоди северозападна Кина, објавија денеска кинеските државни медиуми, додека спасувачките тимови се обидуваа да стигнат до преживеаните на температури под нулата. Земјотресот го погоди округот Џишишан во провинцијата Гансу доцна синоќа, при што беа оштетени домови и патишта.
Спасувачите веднаш започнале потрага по преживеани под урнатините. Според последните податоци, во провинцијата Гансу загинале 105 луѓе, а оштетени се повеќе од 4.700 куќи, соопштија покраинските власти на прес-конференција. Оттаму додаваат дека вкупно се повредени 397 лица, од кои 16 критично, а 76 потешко.
Според кинеската државна телевизија, во соседната провинција Кингхаи загинале 11 лица. Земјотресот се случил нешто пред полноќ додека многумина спиеле во своите домови. Измерена е јачина од 5,9 степени, објави Геолошкиот институт на САД. Кинеската управа за земјотреси даде малку повисока проценка, која е 6,2 степени според Рихтеровата скала.