Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е почувствуван утрово во 7 часот и 45 минути во областа на централна Хрватска, кај Сисак.
Според првите податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 3,5 степени.
Епицентарот на земјотресот бил на 11 километри источно од Сисак, односно 59 километри југоисточно од Загреб. Тоа се случило на длабочина од 10 километри.
Хрватските медиуми јавуваат дека земјотресот ги вознемирил граѓаните на Сисак.
Кон крајот на 2020 година, областа Сисак и Петриња беше погодена од многу силен земјотрес, во кој имаше и жртви.