СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ БАЛКАНОТ – Жителите на Романија вознемирени: “Слушнав звук – како татнеж!“

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, недалеку од границата со Србија.

Според веб-страницата EMCS, земјотресот се случил во 09:08 часот по локално време (10:08 по македонско), а епицентарот е регистриран во градот Гатаја, на 36 километри од Темишвар, кој се наоѓа во близина на границата со Србија.

Се слушна врева, како татнеж, а мојот кревет се мрдаше“, се наведува во сведоштвата на веб-страницата на EMCS.

Како што може да се види на споменатата веб-страница, земјотресот бил почувствуван во повеќе региони.

Слушнав звук, па чекав потврда да видам дали е земјотрес“, напишал жител на соседна Србија кој го почуствувал земјотресот.