Силен земјотрес го разбуди вулканот во Русија по 600 години, пепелта се искачи шест километри

Вулкан на Камчатка еруптираше за прв пат по 600 години, настан за кој се верува дека е поврзан со земјотресот оваа недела во источна Русија.

Поконкретно, еруптираше преку ноќ на полуостровот Камчатка, кој беше епицентар на земјотрес со јачина од 8,8 степени по Рихтер што предизвика предупредувања за цунами за Јапонија, делови од САД и Филипините.

„Ова е првата историски потврдена ерупција на вулканот Крашениников по 600 години“, изјави Олга Гирина, раководител на тимот за одговор на вулкански ерупции на Камчатка.

Според објавите на социјалните мрежи, од овој вулкан излегува пепел во висина од околу пет до шест километри.

Последниот тек на лава од овој вулкан се случил околу 1463 година и оттогаш не е позната никаква ерупција, изјави Гирина.

Во оваа област се можни и цунами бранови.

„Очекуваната висина на брановите е мала, но сепак треба да се оддалечите од брегот.“