Експертите од Австралискиот геолошки институт соопштија дека земјотресот се случил во близина на заливот Аполо
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди жителите на југозападниот дел на австралиската држава Викторија, а илјадници луѓе пријавиле дека го почувствувале потресот во раните утрински часови по локално време.
Експертите од Австралискиот геолошки институт соопштија дека земјотресот се случил во 02:11 часот во близина на заливот Аполо, на околу 150 километри од Мелбурн, на длабочина од седум километри, пренесе ААП.
Службите за итни случаи на Викторија соопштија дека нема извештаи за повредени и се чини дека земјотресот предизвикал мала или никаква штета.
Повеќе од 4.420 луѓе пријавиле дека го почувствувале земјотресот до 3.30 часот, вклучително и многу жители на Мелбурн.