СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ КИНА – Најмалку 21 лице е повредено, а над 126 згради се урнале од јачината на потресот
Дваесет и едно лице се повредени, а 126 згради се урнаа по земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што во неделата ја погоди источната кинеска провинција Шандонг, објави државната телевизија CCTV.
Според Кинескиот сеизмолошки центар, земјотресот, на длабочина од 10 километри, го погодил округот Пингјуан во градот Дежоу во 02:33 часот по локално време.
Кинеската железничка група суспендираше некои железнички линии, вклучително и железницата Пекинг–Шангај и железницата Пекинг–Коулун како одговор на земјотресот, објави CCTV.