СИЛЕН УДАР ОД БРИСЕЛ ЗА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ – Европратениците бараат независна истрага за изборите во Србија: “Јасно е дека имало кражба на гласови!“
Во средата вечерта европратениците во Европскиот парламент побараа меѓународна истрага за „изборна измама во Србија“, а некои од нив ги повикаа земјите-членки на Европската унија да не ги прифаќаат изборните резултати додека таа истрага не заврши.
На 17. декември се одржаа предвремени парламентарни и делумно локални избори, вклучително и за главниот град Белград, а државната изборна комисија прогласи победа на владејачката Српска напредна партија на претседателот Александар Вучиќ.
Опозициската коалиција на левиот центар „Србија против насилство“, зборувајќи за бројни нерегуларности, ја обвини владејачката партија дека ги украла изборите, пред се во Белград.
На бројни нерегуларности и изборен инженеринг укажаа и меѓународни набљудувачи, чиј целосен извештај се очекува во наредните недели.
„Нема демократија без фер и слободни избори“, изјави европратеникот Томас Вајц на вечерашната дебата во ЕП, оценувајќи дека тоа не е случај со декемвриските избори во Србија.
Неговата сопартијка Виола фон Крамон нагласи дека била набљудувач на бројни избори, но дека за 20 години не била сведок на таква ситуација како што била во Србија во декември.
Осврнувајќи се на масовната миграција на гласачите на СНС во Белград, како и на носењето на луѓе од Република Српска, Виола фон Крамон изјави дека е јасно дека изборите се украдени и дека постизборната ситуација во Србија е таква што меѓународна истрага е потребно.
Зборувајќи за изборите во Белград, таа нагласи дека опозицијата ќе победела доколку не биле украдени изборите и дека опозицијата е спречена да поднесе барања за нивно поништување до Уставниот суд на Србија.
Виола фон Крамон оцени дека меѓупартискиот дијалог е и инструмент за посредување меѓу власта и опозицијата и дека ЕП е кредибилен партнер за двете страни во таа ситуација.
Словенечкиот социјалдемократски пратеник Матјаж Немец вели дека не може да ја замисли иднината на ЕУ без Србија и нејзините граѓани како рамноправни членки, но стравува дека членството во ЕУ можеби не е искрена, стратешка и крајна цел на српското раководство.