Неименуваниот маж се пожалил на „остра болка во ногата“
Бутната коска се смета за најтврда коска во човечкото тело, а 35-годишен жител на провинцијата Фуџен успеал да ја скрши – со кашлање.
Необичен случај неодамна ги збуни кинеските лекари, бидејќи фрактурите на бедрената коска настануваат како резултат на сериозна траума , како што се падови од височина или сообраќајни несреќи.
Неименуван маж (35) им се пожалил на ортопедите дека почувствувал „остра болка во ногата“ откако силно кашлал, но мислел дека се работи за грч.
Меѓутоа, тој не можел да стои на ногата, па решил да ја посети болницата.
Рентгенот покажал скршеница на бутната коска, но неговата приказна немала смисла за лекарите, пишува Oddity Central.
Тие одлучија да го истражат случајот и да го испрашаат пациентот за неговото општо здравје, навиките, исхраната и начинот на живот. Дополнително, направена е и анализа на коскената густина која даде загрижувачки резултати.
Испадна дека е слично на коскената густина на 80-годишен маж!
Тестовите покажале дека тој не боледувал од други болести, па заклучено е дека скршеницата е последица на кревки коски, лоша исхрана и недостаток на физичка активност.
Човекот им признал на лекарите дека ја заменил водата со слатки, газирани пијалоци, кои можеби го спречиле неговото тело правилно да го апсорбира калциумот .