Силно невреме го погоди Минхен, но некои летови се обновени: Аеродромот повторно е „во функција“ (фото)
Вчера, 2 декември, аеродромот во Минхен откажа повеќе од 100 летови поради снежно невреме, но воздушниот сообраќај веќе е обновен денеска, но во многу помал обем.
Поради обилните снежни врнежи што вчера ја зафатија јужна Германија, летовите на аеродромот во Минхен беа прекинати до утрово, а авионите беа пренасочени кон аеродромите во Нирнберг и Франкфурт.
Прекини имаше и во железничкиот сообраќај.
Аеродромот во Минхен повторно беше отворен во утринските часови, но околу 560 од 880 планирани летови се откажани, изјави портпаролот на овој аеродром, пренесуваат германските медиуми. На патниците им се препорачува да се распрашаат за нивниот лет пред да се упатат кон аеродромот, се додава.