Силно невреме го погоди Тексас, пријавени се повредени

Силно торнадо во Санџер, Тексас, САД, повреди неколку лица и предизвика голема материјална штета.

Познато е дека во невремето се повредени најмалку 10 лица.

Се вели дека околу 150 други останале заробени од уривањето на покривот на една зграда

Торнадото преврте возила и на I-35 северно од Дентон, предизвикувајќи метеж.

Како што е соопштено, торнадото урнало и далноводи во таа област.

Инаку, голем број луѓе се ангажирани во акција за пребарување и спасување.