Силно невреме ја погоди Калифорнија: Има загинати, куќи потонати во вода

Едно лице загина, а друго се води како исчезнато по силната бура, придружена со поплави и големи бранови, што во понеделникот го погоди централниот брег на Калифорнија, соопштија властите.

Градоначалникот на Санта Круз изјави дека од невремето се урнало пристаниште во тој град, а три лица кои паднале во Тихиот Океан се спасени.

Метеоролозите прогнозираат ветрови со ураганска сила и бранови високи до 18 метри од Калифорнија до северозападниот дел на Пацификот.

Во некои градови во Калифорнија во понеделникот беше наредено да се евакуираат крајбрежните домови и хотели.