Силјановска: Во 15-те препораки за преговори со ЕУ отсуството на Бугарите не е споменато во Уставот

Гордана Силјановска Давкова на денешната седница за уставни измени од собраниската говорница рече дека ќе ги изнесе позициите на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, како и нејзиниот личен став.

Таа изјави дека Македонија не е во дилема за „исток или запад“, туку дали ќе биде достојна држава.

„Еден ренесансен министер веќе вели дека уставните измени може да се донесат до крајот на овој мандат, не до ноември. Од каде го добиваме легитимитетот за уставни измени? Од ЕУ или од граѓаните? Каков е ставот на граѓаните по ова прашање?“.

„Она што се бара од нас е против европските вредности. Од 2009 година добивме 15 гласа од ЕК и ЕП, а никогаш немало забелешка за отсуство на Бугари во Уставот. Граѓаните треба да се прашаат на избори бидејќи власта е целосно делегитимирана“, рече Силјановска Давкова.

Говорот на Силјановска наиде на аплауз и овации кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.