Претседателката Гордана Силјановска Давкова при говорот на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Скопје, истакна дека покрај досегашните неспорни достигнувања, сведоци сме забавувањето на регионалната соработка, особено во изминатите години, како што рече, поради стагнацијата на европските интеграции, недоволната инфраструктура, демографското стареење и масовното заминување на младите.
Според Силјановска, довербата се гради преку откажување од двојни стандарди и почитување на правото, принципите на меѓународното право, имајќи го предвид немешањето во внатрешните работи на државите.
Во однос на европските реформи, според претседателот, на регионот не му треба гола реторика за ЕУ, туку преговори за членство.