Целосно е урнат симболот на луксузот во поранешна Југославија и еден од најпознатите објекти на нашите простори, хотелот „Југославија“, а започнати се подготовките за изградба на нов комплекс на овие простори.
На местото на поранешниот хотел останаа само темелите, а багери секојдневно го отстрануваат градежниот отпад и го подготвуваат теренот за изградба на нов луксузен објект.
Хотел Југославија беше продаден на аукција на 22 март 2024 година, по почетна цена од 27 милиони евра, а компанијата Милениум тим, која стои зад новата инвестиција, објави дека новиот хотелски комплекс ќе биде во вредност од 400 до 500 милиони евра.
Уривањето на овој хотел започна во ноември 2024 година, а според претходните информации се планира новиот хотелски комплекс да биде завршен до крајот на 2027 година.
„Проектот ќе го трансформира стариот хотелски локалитет во престижна дестинација. Комплексот ќе вклучува луксузен хотел со 200 соби и две кули – станбена кула од 42 ката и деловна кула од 34 ката, ниту една од нив нема да надмине 150 метри височина“, беше објавено.
Уривањето на хотелот Југославија предизвика и бурни реакции кај граѓаните и здруженијата кои се спротивставија на уривањето поради можна загрозеност на целокупниот амбиент.
И од здружението „Еко Стража“ се сомневаат во начинот на уривање и велат дека најголем проблем е азбестната прашина.
„Во тек е целосно дивјачко, непрофесионално, криминално уривање на хотелот Југославија, освен проблемот со рушење на историското наследство на градот и проблемот со 30 илјади тони шут, многу поголем проблем опасен за општата популација е проблемот со азбестната прашина влакнеста структура, и додека е во цврста состојба, не е толку опасна.