Симулација на инвазија на Тајван! Ракети паѓа на островот, кинеската армија објави видео: Вака ли почнува големиот напад? (видео)

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина објави видео симулација на ракетните сили кои во петокот извршија масовен напад врз Тајван.

Симулацијата од 70 секунди е создадена со комбинација на анимација и реална снимка и прикажува воени бродови, копнени ракетни фрлачи и ловци како истрелуваат бранови проектили кон островот.

– Уништете го столбот за независност на Тајван! Удри во темелите на независноста на Тајван! Запрете го крварењето на тајванската независност – се наведува во видеото.

Снимката беше објавена во време кога Кина ги изведуваше воените вежби „Комбиниран меч-2024А“ околу Тајван.

Борбени авиони редовно патролираа низ водите околу Тајван за време на вежбите.

Вежбите дојдоа откако новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те, положи заклетва и веднаш го нападна Пекинг во неговиот инаугуративен говор.

Пекинг ги осуди неговите изјави и ја распореди армијата како „ казна за сепаратистичките акти на силите кои се борат за независност на Тајван“.

Кина постојано го критикуваше Лаи како „сепаратист“.