Италијанецот Јаник Синер го победи Австралиецот Алекс Де Минаура во финалето на турнирот од серијата Мастерс во Торонто со 2:0, по сетови 6:4, 6:1. Мечот траеше 1 час и 30 минути.
Осмиот светски рекет Синер сервираше пет аса, направи три двојни грешки и реализираше пет од 10 брејк топки. Де Минаура кој е 18-та на АТП-листата имаше еден ас, една двојна грешка и две од четири реализирани брејк топки.
За 21-годишниот Синер ова е прв трофеј во кариерата на Мастерс 1000. Претходно, тој двапати загуби во финалињата – Мајами 2021 година (пораз од Хуберт Хуркач (6:7 (4:7), 4:6) и Мајами 2023 година (пораз од Данил Медведев (5:7 и 3:6).
Турнирот во Канада се играше за награден фонд од 6,6 милиони долари.