Синовите на Шакира тргнаа по стапките на нивната мајка – Момчињата кои имаат српски имиња веќе станаа вирални поради нивните музички настапи

Наследниците на Шакира, 10 и 12-годишни момчиња со традиционални библиски имиња, стапнаа на музичката сцена и веднаш предизвикаа лавина од реакции.

Нивниот прв настап стана вирален, а многумина коментираа дека нивниот талент очигледно тече како крв низ нивните вени. Публиката веќе во нив ги гледа идните музички идоли на новата генерација. Познатата колумбиска уметница гордо застана зад своите наследници, охрабрувајќи ги да  ги следат своите соништа уште од раното детство. Видеото, кое беше објавено во јавноста, ги воодушеви публиката и фановите ширум светот.

Фондацијата „Let It Bea“, во партнерство со Sony Music Latin, неодамна организираше гала вечер која комбинираше музика и хуманитарна мисија. Оваа непрофитна организација има за цел да ги поддржи младите уметници преку иницијатива наречена „Следната генерација уметници“, насочена кон развој на талентите кај децата и тинејџерите.

На настанот се претставија бројни перспективни изведувачи, а посебно внимание на публиката го привлекоа синовите на Шакира и Жерар Пике,  Милан (10) и Саша (12). Помладиот брат, Милан, покажа дарба за пеење, додека постариот, Саша, се претстави како вешт тапанар. Нивниот настап наиде на позитивни реакции, а многумина коментираа дека талентот им е во крвта и дека веќе предвидуваат светла музичка кариера и статус на идни тинејџерски ѕвезди.