Синот на директотот на ЦИА погина борејќи се за Русија: Семејството објави некролог, но ги криеше околностите на неговата смрт (ФОТО)
Американецот Мајкл Александар Глос, идентификуван како син на заменик директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џулијан Галин, загина во источна Украина во 2024 година борејќи се според договор за руската армија, објави британскиот печат, повикувајќи се на резултатите од истрагата на независните руски медиуми.
„Мајкл Александар Глос, 21 година, почина на 4 април 2024 година во Источна Европа“, се вели во некрологот објавен од неговото семејство, пренесува лондонски Гардијан.
Ниту Русија, ниту Украина не беа спомнати во некрологот
Мајкл беше син на Џулијан Галин, која беше назначена за заменик директор за дигитални иновации во ЦИА во февруари 2024 година.
Веста за тоа како син на висок припадник на американската разузнавачка заедница загина борејќи се во Украина на страната на Владимир Путин е во исто време приказна за тоа како гневот кон политиката на Соединетите Американски Држави и онлајн радикализацијата го доведоа овој млад човек од угледно семејство во Вирџинија на полето на смртта во источна Украина, пишува лондонскиот дневен весник.
Според податоците на истражувачкиот сајт iStories, Глос е еден од околу 1.500 странци кои потпишале договори со руската војска од февруари 2022 година.
-Со своето благородно срце и воинствен дух, Мајкл го запали својот херојски пат кога трагично загина во Источна Европа на 4 април 2024 година – напиша неговото семејство во некрологот, без да ги спомене Русија или Украина или околностите на неговата смрт.