СИНОТ НА НБА ЛЕГЕНДАТА ОД ДЕНЕС Е ЖЕНСКО! Мајката беше против, но кошаркарот и детето успеаја – еве како ќе се вика сега!
Синот на Двејн Вејд во саботата доби писмено известување дека може да го смени полот и името. Неговото име повеќе не е Зајон
Судот во Калифорнија во саботата официјално му дозволи на Зајон Вејд, синот на великанот на НБА, Двејн Вејд, да стане жена и да го промени полот и името во Заја Вејд. Заја има 15 години, родена е во Мајами и овој ден го чека од 2020 година, бидејќи сега има писмена потврда дека може да го промени полот.
Заја во текот на целата процедура има голема поддршка од неговиот/нејзиниот татко, кој му пишал на судот да му дозволи на неговиот син официјално да го промени полот. Животната приказна на неговото дете стана позната низ целата земја во 2020 година, кога Заја објави дека е трансродова. Нејзината мајка, Сивон, поранешната сопруга на Двејн, исто така напишала до судот и побарала да не се дозволи промена на полот и името, бидејќи сметала дека поранешниот кошаркар сакал финансиски да го искористи публицитетот околу нејзиното дете.
“Загрижена сум што Двејн врши притисок врз нашето дете да ги смени името и полот за да ги искористи финансиските придобивки што ги има од бројни компании”, рече поранешната сопруга на Вејд, со која тој го има и синот Заир (21). Вејд има уште две деца со две различни жени – ќерката Кавија Џејмс (4) и синот Ксавиер (9) и рече дека ја поддржува промената на полот на детето исклучиво во нејзин интерес.
“Никој во нашата куќа не би ја присилил Заја или кое било од нашите деца да направи нешто против нивна волја, а камоли да го смени својот идентитет. Ова не е игра за моето семејство, а особено не за Заја. Ова е нејзиниот живот”, исто така напиша на социјалните мрежи поранешниот НБА шампион и еден од најдобрите играчи во поновата историја на лигата. Вејд јавно проговори за разговорот со неговиот син кој му рекол дека сака да стане жена. Тој остана во шок и беше воодушевен од храброста на детето. “Реков – ти си нашиот лидер. Ти си нашиот лидер и ова е твоја шанса да дозволиш твојот глас да се слушне”, призна Вејд во ТВ гостувањето.