Синот на Шумахер го прекина контактот со мајката: Причината се нејзините слики на сајт за возрасни

Тие немаат контакт.
Кора Шумахер (46), поранешната сопруга на познатиот Формула 1 возач Ралф Шумахер, откри дека нема никаков контакт со синот Дејвид.

Таа пред неколку месеци привлече големо внимание во јавноста, откако отвори профил на популарниот сајт за возрасни „OnlyFans“. Почнала да ги продава своите интимни фотографии и за кратко време заработила огромна сума на пари.

Сепак, нејзиниот шокантен потег очигледно не му се допаднал на нејзиниот син Давид Шумахер (22), кој повеќе не сака да слуша за својата мајка.

– Го сакам своето тело и зошто да не им го покажам на другите? Имам 46 години и сè уште ми е удобно во сопствената кожа. Зошто да не споделам топлес фотографија или две со јавноста – праша Кора Шумахер.

По разводот во 2015 година, поранешната сопруга на Ралф Шумахер, Кора, ја изненади јавноста позирајќи за магазинот „Плејбој“, а сега отиде чекор понатаму.

Очигледно на младиот Дејвид ова не му се допаднало и затоа не контактира со својата мајка.