Сирискиот претседател Асад пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

– Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска пристигна во Москва во својата прва официјална посета надвор од Блискиот Исток по разорниот земјотрес, јавија светските медиуми, повикувајќи се на соопштение од канцеларијата на Асад на Телеграм.

Асад во рамки на посетата ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Тој е придружуван од голема делегација сириски министри.

Во соопштение Кремљ наведе дека двајцата лидери ќе разговараат за соработката во политиката и трговијата, како и во хуманитарната област. Тие ќе зборуваат и за „перспективите за целосно решавање на ситуацијата во и околу Сирија“.