НОВ УЖАС ВО ЈАПОНИЈА – Разорен земјотрес, авионска несреќа, а сега и ова: Напад во воз, има и повредени!

Тројца мажи се повредени и пренесени во болница откако жена ги нападнала со нож во воз на станицата „Акихабара“ во Токио, соопшти полицијата на јапонската престолнина. Во соопштението, полицијата додава дека жената е приведена, но состојбата на повредените не е позната, пренесува медиумската агенција Reuters.

Јапонските медиуми објавија дека нападнатите мажи се во стабилна состојба, додека првичниот извештај на јапонскиот јавен сервис NHK објави дека во нападот биле избодени четири лица.

Акихабара“, традиционално дом на продавачи на електроника и гаџети, е главно туристичко место во Токио и стана синоним за видео игри, стрипови и чудна мода.