Сириските бунтовници окупираат град по град, паѓа и центарот на револуцијата во 2011 година: Следен е Дамаск (видео)
Сириските бунтовници објавија дека ја презеле контролата врз градот Дара, кој се наоѓа на југот на Сирија и од 2011 година беше епицентар на револуцијата и бунтот против режимот на Башар ал Асад.
Според извештаите на Ројтерс, бунтовниците ја презеле контролата врз градот по договор со сириската армија, кој вклучувал мирно повлекување на владините сили од градот.
Во извештајот се наведува дека армијата лојална на Асад обезбедила безбеден премин во Дамаск според овој договор.
„Локалните фракции презедоа контрола врз неколку области во провинцијата Дара, вклучувајќи го и градот. Тие сега контролираат повеќе од 90 отсто од покраината“, се вели во извештајот.
Припадниците на Сириската национална армија (СНА), една од бунтовничките фракции, по преземањето на контролата врз градот изјавија дека овој чин е неопходен.
„Време е градот Дара да се гордее со своите синови и своите револуционери, бидејќи тие напишаа еп за слобода во единство и коалиција. Револуцијата го врати сјајот и импулсот. Ние ја водиме нашата битка, убедени дека по оваа битка ќе дојде друга, пред портите на Дамаск, со ослободителните орди на сите синови на Сирија. Сигурни сме дека по смеата на криминалците ќе следи славење на победата, со радост на земјата која го чека враќањето на своите синови кои ги дадоа своите животи за слободата и достоинството на Сирија“, порачаа тие.
Исто така, бунтовниците нагласија дека нивната борба продолжува без поделби и секташизам.
„Битката за револуционерите сè уште не е завршена, бидејќи напредувањето кон Дамаск е задача до падот на режимот“, заклучија тие.
Инаку, Русија и Иран досега не му понудиле помош на Ал Асад.