Сируп за кашлица со 2 состојки! Брзо го смирува грлото и помага во исфрлање на секретот

Со помош на само две едноставни состојки од кујната, направете старомоден сируп кој ќе го смири иритираното грло и ќе го олесни дишењето. Идеален е за борба против кашлица и насобран секрет.

Кашлицата е чест придружник на настинки и респираторни инфекции .

Овој старински рецепт за сируп од виолетов кромид и мед (или шеќер) се користи со децении за смирување на грлото и чистење на слузта од дишните патишта.

Подготовката е брза и лесна, а потребните состојки се веќе во вашата кујна!

Состојки:

  • 2 главици виолетов кромид 
  • 4 супени лажици мед (или 6 лажици шеќер)

Подготовка:

Кромидот се сече на помали парчиња и се става во теглата слој по слој, заедно со шеќерот. Оставете ја теглата во фрижидер преку ноќ за да се раствори шеќерот и да се извлечат лековитите состојки од кромидот.

После тоа, процедете ја течноста преку цедалка или газа. Сирупот се пие со земање по една лажица неколку пати на ден, а важно е да се чува во фрижидер за да не почне да ферментира на собна температура.

Овој сируп е достапен и широко користен во нашата традиција, а се пренесува од колено на колено.