Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп кој директно и отворено му ја пренесе пораката на првиот човек на ДУИ Али Ахмети дека има назадување во владеењето на правото како и недозволиво политичко мешање во работата на Врховниот суд само го потврди она што изминатиот период тој го укажуваше. Пораката тој ја пренесе на Фејсбук страната на амбасадата во која ја означи и страната на ДУИ.
„Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети да му ја пренесе пораката дека по две години назадување во владеењето на правото, посветеноста на Македонија за членство во Европската унија е загрозена низ политичкиот спектар. Исто така неприфатливо е политичкото влијание врз претседателот на Врховниот суд и ќе има силна реакција од Холандија“, велат од Амбасадата на Холандија.