Меџити: Има доволно вакцини, родителите да ги вакцинираат децата

За само неколку дена има два неповрзани случаи на голема кашлица. Едниот случај е од Кичево, а вториот случај е шестмесечно бебе од Скопје кое веќе е хоспитализирано во „Козле“. И двете се невакцинирани со Ди-Те-Пер.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца откако во земјава и регионот се појави голема кашлица. Апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца откако во земјава и регионот се појави голема кашлица.

Во текот на првата недела од 2024 година (од 1 до 7 јануари), во Македонија се пријавени 1.025 случаи на грип, што е 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела. Во извештајот на Институтот за јавно здравје се наведува дека во однос на возраста, 544 лица се на возраст од 15-64 години, 233 кај деца на возраст од 5-14 години, 185 кај деца на возраст од 0-4 години и 63 се лица на возраст над 65 години.

Најмногу заболени се пријавени во Скопје – 269, Дебар – 188, Гостивар – 114, Штип – 107, Битола – 104, а во останатите, бројот на пријавени е помал од 100.