Сите лидери на ВМРО-ДПМНЕ се ‘фатија за гуша’ – Се јави Љубчо Георгиевски со порака за Никола Груевски: “Ти му го остави на Христијан Мицкоски учебникот во Белата Палата!“
Војната во ВМРО-ДПМНЕ станува се поинтересна.
По јавните преписки помеѓу поранешниот и актуелниот претседател на партијата, Никола Груевски и Христијан Мицкоски, во „драмата“ се вклучи и лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Герогиевски, кој своевремено беше претседател на ВМРО-ДПМНЕ и таа функција му ја предаде токму на Никола Груевски.
Слободно можеме да кажеме дека историјата донекаде се повторува. Како што Љубчо Георгиевски му ја предаде функцијата претседател така и Никола Груевски му го предаде лидерското место на Христијан Мицковски во ВМРО-ДПМНЕ. И тогаш, како и сега има раскол во партијата.
Љубчо Георгевски денес со објава на социјалната мрежа Фејсбук се јави и вклучи во „војната“, а заразлика од рефератите на Никола Груевски кон Христијан Мицкоски, тој имаше јасна порака до бегалецот во Будимпешта. „Војводата“ јасно му порача на својот наследник на функцијата лидер на ВМРО-ДПМНЕ дека сето тоа што тој му го правел на него, сега како карма му се враќа на негов грб.
Во целост ви го пренесуваме статусот на Љубчо Георгиевски:
„Порака до Груевски:
Се што ми напрви мене сега ти го прават тебе. По учебникот кој им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни.
Порака до ВМРО-Шумадија:
Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер,што единаесет години ви даваше власт. Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартици кои лежат по затворите вклучувајки ги и од 27.
Да и помогнете на Македонија на патот до Европа“.
Токму на оваа тема беше и вчерашната вонредна политичка анализа на емисијата „ВО ЦЕНТАР“, во која новинарот Васко Ефтов дава одговори на многу пикантни прашања што во моменетот се топ тема во македонската јавност. Целата емисија можете да ја погледнете овде.