СИТЕ МАЖИ ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА ВОЗДИГНУВАА ПО ОБЛИНИТЕ НА ЈАГОДИНКА СИМОНОВИЌ: Денес повеќето не би ја препознале (ФОТО)
Драгана остана запаметена како познатата Јагодинка Симоновиќ, а вака изгледа таа денес.
Актерката Драгана Варагиќ е најпозната по улогата на Јагодинка Симоновиќ во филмот „Варљиво лето ’68“ , а веднаш по премиерата на сега веќе култниот филм, таа стана сон на многу мажи ширум Југославија.
Улогата ја снимила со тогаш младиот Славко Штимац, кој неколку пати повторил дека му е жал што луѓето од целиот филм се сеќаваат на сцената во која ги масира градите на колешката.
Ја глумеше Јагодинка на 27-годишна возраст, а неколку години подоцна од Србија замина во Канада.
„Во Канада работев како актерка, но по магистерските студии почнав и со режија, продукција и предавање на универзитетот. Некои од театарските критики што ги добив во Торонто се многу подобри од критиките што ги добив во Белград. Горда сум на многу работи што успеав да ги направам таму. Само четири недели по пристигнувањето во Канада, ја добив првата улога“, рече тогаш Драгана.
Инаку, првата улога ја доби во третата година на Академијата. Таа ја глумеше Милица, девојката на Светозар Марковиќ во истоимената серија во која партнер и беше Лазар Ристовски, а како што кажа во една прилика, драгоцено искуство беше соработката со режисерот Ед Галиќ.
И другите режисери го препознаа нејзиниот талент, па улогите доаѓаа една по друга уште пред да ја добие дипломата од ФДУ. Во четвртата година на факултет, таа ја играше Наташа Ростова во претставата „Војна и мир“ според истоимениот роман на Лео Толстој.
Таа улога ѝ донесе постојан ангажман во Народниот театар каде до почетокот на 1990-тите ги играше Лејди Ана, Елизабет Проктор, Катарина Логомирски и многу други големи улоги.
Реченицата што ја изговори Бата Стојковиќ: „Меси, меси, ништо нема да ти наштети“ одамна стана икона, а вака таа еднаш ја прокоментира:
„Веќе не ми се јавуваат и не ми викаат на улица Јагодинка (се смее). На таа улога денес гледам со насмевка. Добив можност да го изберам нејзиниот акцент и песните што ќе ги пее. Ми се допаѓа младата пекарка затоа што е фина, нежна и комична“.
“Повторно би ја глумела. Таа беше нешто комично на мојот репертоар по трагедиите и ликовите што ги играв во Народниот театар. Ќе изгледаше исто ако се снимаше денес бидејќи инаку немаше да ја играм”, додаде актерката.
Таа за Штимац рече дека е одличен актер и одличен пријател и дека било лесно да се снима со него.
Инаку, таа дипломирала глума на Факултетот за драмски уметности, специјализирала Шекспир на Институтот Шекспир во Стратфорд, Англија, а магистрирала драма на Универзитетот во Торонто.