Сите мислеа дека е во врска со овој оскаровец, а таа сама стигна во Кан: Манекенката им го украде вниманието на сите со фустан кој никогаш не излегува од мода! (фото)
Манекенката Џиџи Хадид (28) блесна во Кан во тесен беж фустан без прерамки, а изгледот го заокружи со земјена шминка, дијамантски накит и раскошна фризура, каква што ја обожаваат дамите од стариот Холивуд.
Многумина се согласуваат дека младата убавица внесе примеси на гламур без голотија на француската ривиера, откако последниве денови видовме предизвикувачки креации на црвениот тепих, но и откривање на најинтимните делови од телото, само за да привлече внимание.
Џиџи со задоволство им позираше на насобраните фотографи, а на црвениот тепих пристигна сама и покрај тоа што се шпекулираше дека е во врска со актерот и оскаровец Леонардо ди Каприо (48), со кој неколку пати беше видена на вечера.
Манекенката никогаш не зборувала за тоа, а интересно е што моментално е во Кан каде го промовира новиот филм ‘Killes of the flower moon’. Станува збор за трииполчасовна драма во режија на Мартин Скорсезе (80), а Леонардо и неговата колешка Лили Гладстон добија деветминутни овации по премиерата.