Сите мобилни оператори престанаа да работат: Хаос во Шпанија, по прекинот на електричната енергија, повторно проблем

Сите поголеми мобилни оператори престанаа да работат низ цела Шпанија , само четири недели по претходниот национален прекин на електричната енергија.

Ова ги вклучува водечките мрежи во земјата како што се Movistar, Orange, Vodafone, Digimobil и O2 , пишува Metro .

Според веб-страницата на Downdetector, проблемите започнале околу 5 часот утрово.

Ова влијае на поголемиот дел од земјата, вклучувајќи ги и поголемите градови како Мадрид, Малага, Барселона, Валенсија, Мурсија, Севиља и Билбао.

Главните проблеми на кои се жалат луѓето вклучуваат целосно губење на сигналот, целосно блокирање на мрежата и проблеми со интернетот . Исто така, беа погодени и некои 112 линии за итни случаи.

Засегнати се и области од Баскија, Арагон и Валенсијанската заедница.

Шпанската телекомуникациска компанија „Телефоника“ потврди дека работи на враќање на услугите по прекинот на телефонските и интернет врските. Во меѓувреме, телефонските линии за итни случаи се обновени во Арагон, но проблемите продолжуваат во другите делови од земјата. Според весникот „Ел Корео“ , биле извршени некои „ работи за подобрување на мрежата “, што влијаеле на „ одредени услуги “.

Луѓето се жалат на социјалните мрежи за прекинот. Еден корисник по име Амеголанд напиша: „Здраво @movistar_es, веќе е 9:10. Ќе ми објасниш ли што се случува? Мрежата е исклучена… повторно. Но, сметката сигурно ќе знае да се испрати без проблеми“.

Максимилијан Себастијан Веласкез напиша: „Проблеми со мојот фиксен телефон на O2. Не го имам од вчера. O2 не одговара на повици. Автоматски се исклучува“.

Пред четири недели, имаше паника и масовно купување во Шпанија и Португалија откако голем прекин на електричната енергија парализираше големи делови од двете земји . Околу 50 милиони луѓе беа погодени, метрото и возовите беа суспендирани, а семафорите не работеа.

Телефонските услуги исто така беа во прекин, а банкоматите не работеа.