Сите мора да бидат подготвени! Трета светска војна ќе започне?! Шефовите на трите земји предупредуваат на последиците од конфликтот на Блискиот Исток
Ситуацијата во областа на израелско-палестинскиот конфликт се развива на таков начин што во секој момент може да започне Третата светска војна, изјави претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.
Шефовите на неколку земји, вклучувајќи ги Белорусија, Северна Кореја и Турција, изразуваат загриженост за можноста од Трета светска војна. Белорускиот претседател Александар Лукашенко сугерира дека може да избие светски конфликт на Блискиот Исток.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, исто така ја истакна потребата да се направат подготовки за избивање на таков конфликт. Тој истакна дека конфронтацијата на Блискиот Исток може да ескалира во глобална војна, која ќе влијае на другите региони во светот.
– Третата светска војна ќе започне. Сите мора да бидат подготвени! – изјави севернокорејскиот лидер.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изрази загриженост поради употребата на сила од страна на Израел за решавање на палестинското прашање. Тој предупреди на можна опасност од ширење на конфликтот и вовлекување на други земји во тој конфликт.
Експертите се прашуваат како Иран ќе реагира на можна израелска копнена операција во Појасот Газа.
Руските медиуми претходно пишуваа дека официјалниот претставник на израелските одбранбени сили Даниел Хагари најавил проширување на опсегот на операции на копнените сили во Појасот Газа. Голем дел од светските медиуми оваа изјава ја протолкуваа како можен почеток на копнена инвазија.