Сите на список само не актуелните функционери: Приведени сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани

Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, синоќа се приведени, пишуваат провладините портали.

Одземени се пет телефони, а тие сѐ уште се наоѓаат во полиција.

Според информациите, фалсификуваната лиценца за работа на дискотеката која што е издадена во времето на министерот за економија Крешник Бектеши, ја земала ќерката на Јованов.

Полицијата врши претреси во другиот објект сопственост на газдата на дискотеката „Пулс“ и влезе за претрес во службените простории на Државен пазарен инспекторат во Кочани.

Дејан Јованов-Деко, кој сега е притвор, беше закупец на дискотеката Пулс во која во пожарот животот го загубија 59 млади лица. Тој го управуваше и кафулето „Класик“ во трговскиот центар во Кочани, како и со подружницата на Карго експрес за Кочани и Виница.

Пред малку пристигна и потврда од обвинителстовото. Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.

Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија.

Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.