Сите останаа шокирани од фотографиите на мускулестата бугарска принцеза: Вака сега изгледа Калина, трансформацијата е неверојатна, а видете го само нејзиниот син… (фото)

Бугарската принцеза Калина минатото лето стана сензација кога по долго време се појави во јавноста и го шокираше светот со својот изглед. Принцезата беше фотографирана во Софија со сопругот Китин Муњоз и синот Симеон Хасан Муњоз, а вниманието го привлече со мускулестиот бицепс и лицето кое со годините драстично се менуваше.

Сите го гледаа нејзиното мускулесто тело во тесна блуза во која изгледаше како моќник од филмовите. Калина повторно се повлече од медиумите, а сега се објавени нови семејни фотографии. 

profimedia-0982170103.jpg

Поводот беше значаен, со оглед на тоа што беше роденден на младиот принц Симеон , и тоа не било кој, туку 18-ти. Кралот Симеон Втори позира со својот внук, бугарскиот принц Симеон, Китина Муњоз и бугарската принцеза Калина во палатата Врана, по повод оваа прекрасна прослава што се одржа на 14 март 2025 година во Софија.

Калина е единствената ќерка на кралот Симеон II и неговата сопруга Маргарита, а е родена во Мадрид во 1972 година, како нивно петто дете. Завршила престижни училишта, а позната е дека е вегетаријанка и дека зборува неколку јазици. Во брак е од 2002 година, а нејзиниот сопруг е познат шпански морски навигатор и истражувач. Муњоз е 14 години постар од Калина, а иако се венчаа во Римокатоличката црква, добија благослов од православната црква, пишува Ел Мундо.

profimedia-0224048498.jpg

Во 2007 година, брачната двојка доби син, кој Калина го именува по нејзиниот татко, а момчето е првиот член на бугарското кралско семејство што е родено во Бугарија од 1937 година. Момчето е крстено по православни обичаи.