Сите патници што биле во авионот на летот од Индија до Лондон се мртви

Сите 242 патници од авионот на „Ер Индија“ што се урна денес во западна Индија загинаа, објави локалниот весник „Индијан експрес“, повикувајќи се на полицијата.

Во авионот имало 230 патници, двајца пилоти и десет членови на екипажот.

„Тајмс оф Индија“ претходно објави дека авионот „Боинг 787 Дримлајнер“ на „Ер Индија“, кој летал за Лондон, се урнал кратко по полетувањето од меѓународниот аеродром „Сардар Валабхаи Пател“.

Според нивниот извештај, авионот се урнал во областа Мегани во градот, што предизвикало итна реакција.

Според податоците од апликацијата FlightRadar24, тие го добиле последниот сигнал од авионот само неколку секунди по полетувањето.

Индискиот министер за воздухопловство Кинџарапу Рам Мохан Наиду изјави дека е „шокиран и скршен“.

„Во состојба сме на максимална подготвеност“, додаде тој и истакна дека се мобилизирани спасувачки екипи.

„Ер Индија“ потврди дека летот AI171 од Ахмедабад до Лондон се случил несреќа по полетувањето.

„Летот, кој полета од Ахмедабад во 13:38 часот, превезуваше 242 патници и членови на екипажот во авион Боинг 787-8. Од нив, 169 беа индиски државјани, 53 британски државјани, еден канадски државјанин и седум португалски државјани“, се вели во соопштението.