Сите погледи вперени кон Кремљ: Започна три дневната посета на Си Џинпинг на Русија! Владимир Путин му посака топро добредојте: “Драг пријателе…“ (фото/видео)
Во Кремљ започна средбата помеѓу претседателот на Кина, Си Џинпинг и претседателот на Русија, Владимир Путин.
Денеска треба да се одржи неформален ручек на кој државници ќе се занимаваат со актуелните прашања. Официјалните разговори ќе се одржат утре, како што претходно најавија руските медиуми.
Владимир Путин му рекол на Си Џинпинг дека го поздравува предлогот на Пекинг да стави крај на „акутната криза“ во Украина и дека со почит гледа на мировниот план на Кина.
„Секогаш сме подготвени за преговори и ќе разговараме за сите овие прашања, вклучувајќи ги и вашите предлози“, изјавил Владимир Путин.
Тој исто така кажал дека Русија е „малку завидлива“ за брзиот развој на Кина во последната деценија и подолго.
Според Макс Седон, дописникот на Financial Times од Москва, Си за време на разговорот рекол дека се надева оти Путин ќе победи на претседателските избори следната година, што претставува еден вид потврда, за која Кремљ досега одбиваше да зборува, дека Путин ќе се кандидира за нов мандат.
Како што објави медиумската агенција Reuters, претседателот Си во обраќањето во Кремљ кажал дека е „сигурен“ дека рускиот народ ќе го поддржи Путин на претседателските избори следната година.
„Знам дека следната година ќе има нови претседателски избори во вашата земја. Благодарение на вашето силно лидерство, Русија постигна напредок во просперитетот на земјата во последните години. Сигурен сум дека рускиот народ силно ќе ги поддржи вашите напори“, изјавил претседателот на Кина.
Reuters забележува дека Си го нарекол Путин како негов „драг пријател“ и дека рускиот претседател го употребил истиот термин за својот гостин.