Сите постари од 50 години треба да го земаат овој витамин! Се наоѓа во мали количини во храната, но го продолжува животот
Ризикот од хронични болести се зголемува со возраста, а лекарите објаснуваат дека внесувањето доволно еден витамин по 50-тата година може да биде многу корисно, иако многу луѓе не го добиваат доволно.
Витамините се клучни за правилното функционирање на нашето тело , бидејќи учествуваат во бројни биолошки процеси кои го одржуваат здравјето и виталноста. Тие го зајакнуваат имунитетот, го поддржуваат метаболизмот, ги штитат клетките од оштетување и играат важна улога во одржувањето на кожата, косата, видот и коските.
Иако телото ги добива во мали количини од храната, често е неопходно да се посвети дополнително внимание на нивниот внес за да се спречат недостатоците и да се обезбеди оптимално здравје.
Соодветниот внес на витамини може да помогне во спречување на хронични болести, подобрување на физичките и когнитивните перформанси и целокупното здравје, а сето тоа придонесува за подолг живот, велат лекарите.
Ризикот од хронични болести се зголемува со возраста, а лекарите објаснуваат дека внесувањето доволно еден витамин по 50-тата година може да биде многу корисно, иако многу луѓе не го добиваат доволно. Станува збор за витаминот Д , за кој велат дека е избор број еден за луѓето над 50 години.
– Витаминот Д е клучен за одржување на здравјето на коските, зајакнување на имунитетот и намалување на воспалението. Докажано е дека витаминот Д помага при депресија, го зголемува тестостеронот, позитивно влијае на здравјето на мозокот и го подобрува расположението , велат лекарите.
Витаминот Д е од суштинско значење за градење и одржување на здрави коски бидејќи телото може да го апсорбира калциумот, главната компонента на коските, само кога овој витамин е присутен.
Дополнително, неговите антиинфламаторни, антиоксидантни и невропротективни својства го поддржуваат здравјето на имунитетот, мускулната функција и активноста на мозочните клетки.
Витаминот Д не е природно присутен во многу намирници, но можете да го добиете од збогатено млеко, збогатени житарки и масни риби како лосос, скуша и сардини. Телото исто така произведува витамин Д кога директната сончева светлина конвертира хемиско соединение во кожата во активна форма на овој витамин (калциферол).
Земањето мултивитамин со витамин Д може да помогне да се подобри здравјето на коските.