СИТЕ СЕ ВО ШОК – ЗАБОРАВИВ ДА ЈА ИЗГУБАМ НЕВИНОСТА! Има 41 година и никогаш не видела ГОЛ МАЖ: Не планирам да умрам како ДЕВИЦА!
Мишел, жена која бакнала само двајца мажи во животот, три пати излегла на состанок, а никој никогаш не и кажа дека ја сака. Таа никогаш не ја дочекала новата година со маж и никогаш не водела љубов. Мишел е девица во 41 години.
-Повеќето жени ја губат невиноста во средно училиште, но јас едноставно бев … Бев совршено среќна што после училиште можам да си одам дома и да гледам телевизија – изјави Мишел во емисијата “Virgin diaries” на TLC.
Мишел и покрај тешката ситуација не се откажала да го пронајде својот совршен партнер, туку признала дека едноставно заборавила да ја изгуби невиноста.
- Отсекогаш сум била недруштвена. Младите најчесто одат на факултет, јас не, најсреќна бев кога викендов гледав телевизија со мајка ми или заедно подготвувавме ручек – изјавила Мишел.
Бакнала само двајца мажи и како што вели, ниту еден од нив никогаш не видела гол.
- Се обидов да имам врска, но тоа беше голема работа. Кога требаше да бакнам маж, на крајот на вечерта толку ќе се исплашев, што буквално повраќав- открила таа.
Мишел е убедена дека овој недостаток на сексуалното искуство, и затоа што го крие, е причината поради која има толку ниска самодоверба. Така таа им приреди забава на пријателите и семејството и им ја откри оваа тајна.
- Се надевам дека објавувањето на вистината ќе предизвика интерес, дефинитивно не планирам да умрам како девица. Мислам дека повеќе се плашам да го признаам овој факт отколку од самата интимна врска – изјавила таа пред забавата.
На нејзино изненадување, пријателите и семејството со воодушевување ја дочекаа оваа вест, а некои мажи и кажаа дека нејзината невиност ја сметаат за „се*си“.