,,Сити е досаден, во Милан има будали а од нив ми се гади” – Брутална прозивка на славниот ас одекнува низ фудбалска Европа!

Славниот Чилеанец Артуро Видал го проследи првото коло во Лигата на шампионите и жестоко ги прозва тимовите и играчите.

Милан и Њукасл ремизираа 0:0. Росонерите имаа 25 удари кон противничкиот гол, девет кон рамките на голот, но не можеа да ја затресат мрежата.

,,Го гледав најлошиот натпревар во историјата на Лигата на шампионите, оној меѓу Милан и Њукасл. Тие будали од Милано ме изнервираа Имаат среќа, сè што знаат е да трчаат. Не би биле ни во Лигата на шампионите да не беше тоа. Од Њукасл ми се гади. Не ги разбирам. Беа четврти во првенството и мораа да ги стават своите животи на линија и да направат нешто на овој натпревар. Ме налутија“, кажа Видал.

Поранешниот ас на Јувентус, Баерн, Барселона и Интер не ги поштеди ниту останатите учесници во најелитното европско натпреварување.

,,Сити беше досаден, како и секогаш досаден. Ми се допадна второто полувреме помеѓу ПСЖ и Борусија, во првото заспав“, изјави Видал.