СИТУАЦИЈАТА ВО НИГЕР ПРЕД ЕСКАЛАЦИЈА – ЕКОВАС е подготвена да започне голема воена интервенција во оваа африканска земја
Економската заедница на западноафриканските земји (ЕКОВАС) е подготвена да реагира во случај ситуацијата во Нигер да не може да се реши по мирен пат, пишува медиумската агенција Reuters.
„Силите на ЕКОВАС се подготвени да одговорат во случај сите други напори да бидат неуспешни. Уставниот поредок во земјата ќе биде обновен по секоја цена“, изјавил комесарот за политички прашања, мир и безбедност на ЕКОВАС, Абдел Фату Мусах.
Абдел Фату Мусах додал дека во случај на конфликт, регионалниот блок ќе воведе воен контингент во Нигер.
Тој посочи дека ЕКОВАС се надева на дипломатско решение на ситуацијата. Според него, бунтовниците само се преправаат дека се подготвени за преговори, и бараат причини да ги оправдаат своите постапки.
Комесарот изјавил дека сите земји на Алијансата се подготвени да ги вклучат своите резервни сили кои можат да влезат во Нигер, освен оние каде што Армијата е на власт.
На 26. јули бунтовниците во Нигер објавија дека го соборуваат Мухамед Базум од претседател на земјата, ги затвораат границите, воведуваат полициски час, го суспендираат Уставот и забрануваат политички активности на партиите. На 28. јули тие објавија дека генерал Абдураман Тијани станал нов претседател на државата. За време на пучот, тој ја предводеше претседателската гарда, чии единици го приведоа и продолжуваат да го задржуваат Мухамед Базум.
Кабинетот на Мухамед Базум прво тврдеше дека Армијата не ги поддржува бунтовниците, но подоцна командата на вооружените сили се солидаризира со нив.