– Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека во Окленд, најголемиот град во земјата, кој е погоден од големи поплави, дождот ќе продолжи да паѓа во наредните денови и предупредуваат дека може да се влоши состојбата.
„Ни претстојат уште понеповолни временски услови и треба да се подготвиме за тоа“, рече дежурната контролорка за управување со вонредни состојби во Окленд, Рејчел Келехер на прес-конференција.
Во Окленд, каде четири лица ги загубија животите во поплави и лизгање на земјиштето во последните три дена, се уште на сила е вонредната состојба.
Вонредната состојба е укината во регионот Ваитомо јужно од Окленд.
Летовите до и од Окленд сè уште доцнат и се откажани, а сите плажи околу градот и училиштето ќе бидат затворени до 7 февруари.
„Поплавите предизвикаа голема материјална штета низ Окленд“, изјави денеска премиерот на Нов Зеланд, Крис Хипкинс за државната телевизија ТВНЗ.
Тој изјави дека е потребно итно сместување за околу 350 лица.