“СИТУАЦИЈАТА Е ТЕШКА, ОВА СЕ СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ!“ – Александар Вучиќ ги коментираше санкциите од САД наметнати кон раководството на Република Српска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на неговата дводневна посета на Република Српска (РС), пред медиумите ги коментираше и западните санкции кои неодамна дојдоа „на сметка“ на неколку членови на раководството на РС.

Тоа се многу сериозни притисоци, санкциите се многу сериозен проблем. Тие беа изведени и против првиот човек на БИА. Некои од снкциите претходно беа укинати – против водачите на Србите од северот на Косово, кога требаше да бидат криминализирани и кога Албин Курти требаше да го отвори патот за сите антисрпски акции на северот на Косово“, вели Александар Вучиќ и продолжува: „Потоа тоа беше направено со претседателот Милорад Додик, потоа со Александар Вулин, потоа со сите други раководни и државни функционери на Република Српска. Тоа не престанува преку ноќ. Тоа се сега големи економски притисоци и големи финансиски притисоци. Народот чека да добие се што му припаѓа и не го интересира какви и колкави се притисоците. Да бидеме целосно фер и отворени. Луѓето одат на одмор и кога се враќаат си ја бараат платата – не прашува под кои услови го правиш тоа, под кои услови наоѓаш решенија. Мора да најдеме решенија и да видиме како и што ќе правиме“. 

Секако дека не е лесно и едноставно. Но, што друго имаме – да се откажеме од Србија, Република Српска ? Кое е значењето ? Мислам дека нема алтернатива. Се обидов милион пати да најдам неколку можни потези во се. Но, понекогаш во шахот, особено со ограничен број фигури и нема многу комбинации, нема алтернативи, мора да се направи нешто што е под принуда – ги правите потезите што треба, а не сте виновни за ситуација во која се наоѓате. Мора да се борите за народот. Важно е луѓето да знаат дека ситуацијата е тешка. Ништо не е лесно, но немаме право да плачеме. И тоа не смееме да го правиме и мора да се бориме – толку“, нагласил претседателот на соседна Србија.