ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ДОНЕЛ ТЕШКА ЖИВОТНА ОДЛУКА – Џастин Трудо се разделува од сопругата по 18 години брак: “Ве молиме за приватност…“

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, и неговата сопруга решиле да се разделат по 18 години брак.

Одлуката е донесена, како што се наведува, по „тешки разговори“, а објавата беше објавена на нивните профили на социјалната мрежа Инстаграм.

Во објавата се наведува дека – „би сакале да го споделеме фактот дека по многу значајни и тешки разговори одлуката е да се разделиме“.

Како и секогаш, остануваме блиско семејство со длабока љубов и почит еден кон друг и за се што сме изградиле и ќе градиме. За доброто на нашите деца, ве молиме да ја почитувате нашата и нивната приватност“, се вели во објавата.

Џастин Трудо и неговата сопруга имаат три деца: Хавиер (15 г.), Ела Грејс (14 г.) и Адриен (9 г.).

Медиумите пишуваат дека во јавноста со години се шпекулира за лоши односи во семејството Џастин Трудо, но нивниот брак никогаш досега не бил јавна тема.