ВИДЕО | Навивач жестокот го навреди Серхио Рамос пред камери, а тој целосно полуде: “Молчи сега! Имај почит“

Серхио Рамос доживеа целосен колапс по нов пораз на неговата Севиља. Во интервјуто пред камерите по натпреварот тој се налути на навивач кој постојано го провоцираше од трибините.

Имај почит, разговараме. Почитувајте го народот и грбот на Севиља, за тоа зборуваме овде! Почитувајте ги луѓето и молчете сега. Можам да се справам со се, но…“, бесно извикал Серхио Рамос кон трибините на извесен навивач, а потоа го продолжил интервјуто.

Нервозата кај поранешниот играч на Реал Мадрид и ПСЖ не е случајна, туку резултат на нов пораз од Севиља. Матичниот клуб на Серхио Рамос, во кој се врати оваа сезона, бележи катастрофални резултати и се наоѓа само на 16. место на првенствената табела, со бод над зоната за испаѓање. А домашниот пораз од 0:2 против Атлетик Билбао очигледно беше последната капка за прелевање на чашата за Серхио Рамос.

Четирикратниот освојувач на Лигата на шампионите на овој натпревар ја носеше и капитенската лента со оглед на тоа што Иван Ракитиќ не стартуваше од првата минута, туку влезе наместо повредениот Немања Гудељ во 41. минута.