Според СОВЕТОТ НА НУТРИЦИОНИСТИТЕ – Ова е НАЈДОБРИОТ ЛЕБ, можете да јадете до ЧЕТИРИ КРИШКИ дневно, само изберете правилно

Прави да се чувствувате сити и ги содржи потребните влакна!

Лебот е составен дел од исхраната на речиси секоја личност. Ако и вие ја гледате линијата, а веројатно не можете да замислите оброк без леб, изберете поздрави верзии како леб од цели зрна.

Експертите велат дека на возрасен човек му требаат две до четири кришки леб дневно и дека тоа може да биде дел од здравата исхрана, но само ако правилно го изберете. Нутриционистката Сузи Бурел откри кој леб е најздрав, а кој треба да избегнувате.

Кој леб е најздрав, а кој треба да избегнувате.

Леб од цело зрно

– Дефинитивно најдобрата верзија на лебот, но дефинитивно треба да се грижите за количината и да внимавате колку зрна содржи. Колку повеќе житарки, толку подобро за контролирање на количината на гликоза во крвта – вели Сузи. Лебот од цело зрно е многу добар за дигестивниот систем бидејќи е многу хранлив, но не претерувајте бидејќи има исти калории како и останатите.

Интегрален леб

Неговата голема предност е што е богата со растителни влакна. – Ако не можете да поднесете житарки, интегралниот леб е втората најдобра опција – вели нутриционистот. Интегралниот леб содржи многу повеќе влакна од белиот леб, а содржи и минерали како магнезиум, цинк и калиум.

Леб со додадени вредности

Можете да го купите во речиси секоја самопослуга, а го има на полиците за здрава храна. Содржи се во едно, од житарки, влакна, витамини и добри масти. – Ако изгледа како бел леб, сепак е бел леб со додаток на ‘здрави’ вредности. Тоа е непотребно фрлање пари – вели таа.

бел леб

Иако луѓето најчесто го купуваат, тоа е најлошата опција.

–  Белиот леб најбрзо се вари и ја покачува гликозата во крвта, што не е добра опција. Ако децата не сакаат да јадат леб од цели зрна, не им купувајте бел леб, бидејќи додека вие го купувате тие ќе го јадат и нема да можат да се навикнат на други опции – заклучува Сузи Бурел