Се огласи Бајден по страшниот напад: „Нашиот одговор почнува денеска!” – Страшна порака до непријателите – Ако повредите Американец…

Американскиот претседател Џозеф Бајден синојка изјави дека по негова наредба американските сили нападнале цели во Ирак и Сирија, поточно оние што Иранската револуционерна гарда и сличните милиции ги користат за да ја нападнат американската армија.

Тој изјави дека претходно разговарал со семејствата на американските војници кои биле убиени.

– Нашиот одговор започнува денеска. Ќе продолжи кога ќе посакаме и на местата што ќе ги избереме – рече американскиот претседател.

Тој додаде дека Америка не бара конфликт на Блискиот Исток или каде било во светот, но издаде предупредување.

– Сите оние кои сакаат да ни предизвикаат болка треба да знаат: Ако повредите Американец, ние ќе одговориме.