Алиу: Ние сме меѓу најмалку дигитализираните земји во регионот

Министерот за администрација и информатичко општество, Азир Алиу од редовите на Алијансата за Албанците вели дека како политички субјект воопшто не зажалиле што станале дел од Владата.

Во „КликПлус“ рече дека за да се биде дел од Владата во последната година од мандатот, треба повеќе да се работи.

Пишман не, само требаше повеќе да се трудиме отколку да имавме 4-годишен мандат“, рече Алиу.

Тој смета дека дигитализацијата на институциите и административните служби е посебен предизвик во неговата работа.

Алиу вели дека иако генерално изгледа дека сме подигитализирана земја, тој вели дека Косово има поголеми услуги за своите граѓани.

„Ние сме најмалку дигитализирана држава. Да го земеме Косово, тоа е подигитализирано од нас. Граѓанинот на крајот на денот нема дигитализирани услуги во Македонија“, рече Алиу.