ОВА Е ВИСТИНСКИ ХИТ – Младо момче од Македонија јавно бара девојка на Фејсбук која сака да ја почести одмор на ‘рајските острови’! Скопјанецот има само еден услов: “Таа не смее да биде…“

Младо момче од Скопје, чие име нема да го објавиме, бара девојка со која би летувал на Канарските острови на негова сметка, но под услов таа да не е член на опозициската партија за да не би морал да ја бистри политиката со неа.

На социјалната мрежа Фејсбук во една група по име „Купи продај – Македонија“, ова момче објавило дека сите трошоци за одмор, авионска карта и престој ќе паднат на негова страна и плус нуди 400 евра за џепарлак.

Младиот човек изјавува дека не бара ништо од девојка која би отишла на одмор со него, туку признава дека тоа го прави само за да ја нервира поранешната девојка.

За себе вели дека нема мани и дека е пристоен млад човек, а ако не му верувате, тој во објавата вели дека слободно можете да стапите во контакт со него.

Тој вели дека предност имаат девојките кои се бринети и живеат во Битола или Прилеп, а единствениот услов што треба да го исполнат е да не се членови на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ бидејќи, како што вели, не сака да слуша глупи патриотски приказни на одмор.